Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Тренерот Марковски ја објави листата на пријавени играчи за натпреварите против Салцбург во лигата на шампиони

Тренерот Марковски ја објави листата на пријавени играчи за натпреварите против Салцбург во лигата на шампиони

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар ги очекува голем предизвик во наредниот период. Тие ќе бидат дел од првото коло во лигата на шампиони, а противник ќе ни биде тимот на Салцбург од Австрија. Првиот меч е закажан за 27-ми септември во градот Гродиг, додека реваншот ќе се игра на арената Филип втори со почеток од 19 часот. Тренерот на младинците Љупчо Марковски веќе го објави списокот на пријавени играчи за овие натпревари. На него покрај оние кои играат за младинците, се најде и Петар Петковски кој настапува за првиот тим, како и неколкумина играчи од кадетскиот состав. Се работи за Кристијан Јордановски, Малик Зибери, Андреј Кировски, Александар Трајчевски, Гоце Насковски и Дамјан Менкиновски. Со екипата во Австрија ќе патува и тренерот на кадетите, Влатко Колев.

ГОЛМАНИ: 1. Филип Трајчевски, 12. Александар Ѓоргиоски, 25. Малик Зибери;

ОДБРАНА: 2. Тодор Тодоровски, 3. Андреј Ричков, 4. Берат Исмаили, 5. Борјан Тодоровски, 6. Есмин Личина, 21. Кристијан Јордановски, 22. Андреј Кировски;

СР. РЕД: 8. Дарко Додевски, 10. Теодор Димитровски, 13. Давид Стојковски, 16. Томислав Јанкуловски, 19. Ристо Папучиев, 20. Филип Стојчевски, 23. Гоце Насковски;

НАПАД: 7. Виктор Димков, 9. Јасир Беќири, 11. Ердон Даци, 14. Едис Хамзиќ, 15. Тони Илиевски, 17. Александар Најдоски, 18. Оливер Дишлиевски, 24. Дамјан Менкиноски, 26. Александар Трајчевски, 97. Петар Петковски.