Викендов на програмата е седмото коло од првата фудбалска лига, во истото ние гостуваме. Наш противник е екипата тетовска Ренова. Мечот се игра утре, сабота во 15 часот и 30 минути на Градски стадион во Тетово.
Фудбалската федерација на земјава вчера го одреди главниот судија на дуелот тоа е еден од најдобрите македонски делители на правдата: Мечкаровски Димитар (Скопје). Негови помошници се делегирани следните двајца фудбалски судии: Неделкоски Дејан (Скопје) Петрески Гоце (Скопје) , а пак четврти судја е Бартон Јосип (Скопје).