Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Раул: Треба да го почитуваме Кристијанштад , во Шведска без Недановски и Диви

Раул: Треба да го почитуваме Кристијанштад , во Шведска без Недановски и Диви

Првото коло за нас во новата сезона од шампионската ЕХФ лига го играме со екипата на  Кристијанштад, и тоа  во недела (25 септември) . Црвено-црните како и лани одкако се уведе новиот систем на играње со две привилигирани и две неквалитетни групи  и годинава се меѓу 16-те најдобри екипи од Првата дивизија, поточно  во група Б. Тренерот на македонскиот шампион, шпанецот Раул Гонзалес за овој дуел со шампионот на Шведска, Кристијанштад го изјави следното:

Оној што кажува така, значи немаат почит кон сите екипи. Сега има многу екипи со шанси да бидат победници, не само во групата туку и на Ф4. Ние сме во група со Кјелце, кој е европски првак и нормално е дека тие би требало да бидат фаворити. Кога некој зборува поинаку, тогаш тој нема почит кон Кјелце. Се уште е рано да се зборува за тоа.

Вардар  за Шведска отиде  со 16 ракометари, дома поради бздравствени причини  останува Владо Недановски, а од тројцата голмани овојпат ќе изостане Петар Ангелов-Диви. Гонзалес за неделното деби во оваа сезона, дополни во продолжение:

Кристијанштад има нови играчи, но треба да го почитуваме нивнот квалитет. Јас сакам да играме како на 2-3 натпревари во Скопје во СЕХА лигата. Ќе се обидеме да играме побрзо. Вардар сега има нови играчи, а лани требаше да менуваме 2-3 играчи во напад и одбрана. Тешко е тогаш да се игра брзо. Сега имаме помалку измени.