Bчера на терените на фудбалската федерација на Македонија, четвртото коло од детската лига го одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година. Избраниците на Ане Андовски славеа во дуелите со екипите на Петровец и Работнички. Вардар (2) како на тренинг успеа лесно да стигне до триумф и тоа убедливо со резултат 18-0 , откако беше подобра од екипата на Петровец, во продолжение неколку фотографии од овој дуел.
