Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Да покажат зошто се шампиони, пом.пионери на ФК Вардар ја “растурија“ Шкендија и се промовираа во нови шампиони во генерацијата “2002„
Да покажат зошто се шампиони, пом.пионери на ФК Вардар ја “растурија“ Шкендија и се промовираа во нови шампиони во генерацијата “2002„

Да покажат зошто се шампиони, пом.пионери на ФК Вардар ја “растурија“ Шкендија и се промовираа во нови шампиони во генерацијата “2002„

Помладите пионери на ФК Вардар го добија дербито со екипата на Шкендија, во рамките на 21 првенствено коло. Утрово на теренот на Академијата, избраниците на Тодоровски ја прегазија екипата на Шкендија, совладувајќи ја со резултат 5:1.

Вардар: Величковски, Асани, Костовски, Крстевски, Костовски (c), Гугуљанов, Стојановски, Салиу, Демири, Фазлиу, Омерагиќ.

Првата прилика на мечот ја имаше екипата на Шкендија, на која и се укажа шанса за гол после наша несигурност во одбраната, сепак нашиот голман Величковски со брза интервенција спаси отварање на резултатот. Првата голема шанса нашиот состав ја имаше преку Атом Фазлиу, кој од неколку метри не успева да го погоди противничкиот гол, откако од левата страна, топка нафрли Асани, која стигна до Фаззлиу, овој бие од прва само над голот. Во следната акција на црвено-црните, шанса му се укажа и на стоперот Крстевски, кој при една мешаница во противничкиот шеснаесетник и несигурноста на голманот кој ја испушти топката, истата стигна до Крстевски кој биеше, но чуварот на мрежата на тетовчани се извади за претходниот кикс па го одбрани ударот. Иницијата за избраниците на Сашо Тодоровски даде резултато, кога успеавме да го отвориме реултатот на овој дуел. Се играше акција од левата страна, кога една топка уфрли Асани, истата ја пропушти Омерагиќ, која стигна до Фазлиу, овој пат напаѓачот на Вардар беше присебен ја смири топката и биеше прецизно во мрежата на Шкендија, за предност од 1:0.

3

Набргу црвено-црните стигнуваат и до втор гол на овој дуел, кој беше дело на Фисник Салиу, кој биеше силно, топката најпрво ја закачи стативата и заврши во мрежата на Шкендија, за веќе водство од 2:0. Истиов играч имаше повторно обид, но топката оди овој пат над голот. Гостинската екипа имаше можност да постигне гол и да го намали резултатот, кога еден од нивните играчи биеше, топката го погоди Крстевски, кој го смени правецот, но за наша среќа топката ја погоди само стативата од голот на Величковски. Тренерот на Вардар, Тодоровски беше принуден да ја направи првата измена, откако на повреда се пожали Али Асани, на негово место во игра влезе Мартин Ѓорѓиевски. До крајот на првиот дел следиме уште еден гол на Фисник Салиу, кој повторно силно бие, немаше шанси голманот на Шкендија за интервенција, па беше принуден по трет пат да ја вади топката од мрежата, за зголемување на резултатот од 3:0. Со овој резултат се замина и на одмор.

4

Две измени на стартот на второто полувреме кај Вардар, во игра се Мирков и Сељанац, на местото на Костовски и Величковиќ-Радуловиќ. Токму нововлезениот Мирков имаше удар кој заврши над голот на противникот. Вардар беше далеку подобрата екипа и во вториот дел и набрзина успеваме да го зголемиме водството на 4:0, со првиот гол денес на Кристијан Стојановски. Тренерот Рап-Тап им даде шанса за настап на сите играчи кои денес му беа на располагање. Во игра се и голманот Стојковски, потоа Хасани, Симев и Исени. Гостите од Тетово успеваат да постигнат почесен гол на ова дерби и да го намалат резултатот на 4:1. Иако имавме висока предност, доста бевме активни и во овој дел од натпреварот, постоеше голема желба кај момците за надигрување и за постигнување на нов гол. Шкендија имаше можност да постигне втор гол, но Лука Стојковски со одлична интервенција спасува чист гол. До крајот на натпреварот уште еден гол во противничката мрежа, дело на Ринор Исени, кој погоди со глава, после нафрлена топка од корнер на Салиу. На крајот конечниот резултат гласи 5:1.

2

Ова е 18-сета победа за помладите пионери, кои веќе можат да се промовираат како нови шампиони во оваа возрасна генерација, со оглед дека имаат 20 бодови повеќе од екипата на Шкендија. Пред нашите надежи е предизвикот во полуфиналето од купот на Македонија, во среда се игра првиот меч од полуфиналето против екипата на Работнички.