Вчера нашиот ФК Вардар го освои првиот бод во својата историја во рамки на Лигата на Европа играјќи 1:1 (1:1). Црвено-црниот тим заслужи да се радува на победа во дуелот со Розенборг, создаде голем број на шанси, но за жал голем дел од нив не ги искористи па така на крајот и двата тима поделија по еден бод.