Вчера на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Ново Лисиче се одигра ново коло во детската лига. ФК Вардар во генерацијата родени 2007 која ја води Томче Трајановски денес одигра еден дуел, во кој се сретна со тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров. Во оваа средба црвено-црните дојдоа до висока победа со резултат 9-1 (4-0).
