Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар без право на грешка
Вардар без право на грешка

Вардар без право на грешка

Вардар и Слога повторно ќе ги одмерат фудбалските сили овој пат во ПМФЛ. Со почеток во 13.00 часот, тимот на Вардар гостува на жешкото гостување во Чаир. Пред Вардар стои тежок натпревар, но црвено – црните немаат право на нов кикс, бидејќи тогаш Шкендија би се одлепила на голема и недостижна позитива.

Дуелот од Купот треба да биде само една поука за Вардар, бидејќи доколку Слога даде гол, тогаш тешко ќе му биде на Вардар да даде два погодоци. На Чаир секогаш се играло тесно и неизвесно со малку голови, очекуваме така да биде и попладнево, но на крајот да се радува шампионот на Македонија на три бода пред дуелот со Розенборг.

Овој натпревар започнува од 13.00 часот со директен стрим на Фудбалската Федерација на Македонија.