Вчера, недела, после одиграниот прв натпревар со Пахтакор, Вардаровите фудбалери имаа тренинг кратко на терен, и во вежбалница. Вардарци собираа сила со тренинг во салата за кревање товар во хотелскиот компелкс „Каја Палацо“ во Анталија. Потоа вчера попладнево момците имаа слободно, односно немааа тренинг. Тие со два тренинга продолжуваат веќе денес кога ќе се подготвуваат за вториот натпревар против Берое (Бугарија), кој што е на програмата е утре, вторник.