Девојките на Дибирова ги одработуваат последните подготовки пред почетокот на возбудувањата од ЕХФ Лигата на Шампионите во женска конкуренција. Тие со т.н главна фаза во елитната лига почнуваат веќе овој викенд. Во сабота, 27-ми јануари се домаќини на екипата на Мец. Дуелот се игра со почеток во 17-30 во Спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје.
Ние во оваа втора фаза влегуваме како лидери со максимални 8 бода пренесени од првата групна фаза. Зад нас е токму нашиот ривал со шест бода, тие имаат победа помалку односно три триумфи. Вардарки одлично се подготвија за овој предизвик тие викендов беа домаќинки на треттиот турнир во регионалната ВРХЛ лига. Во истиот одиграа две контролки со екипата на Будуќност и Крим. Црногорките ги совладаа со високи 31-24, апак Крим го совладаа со минимални 25-24. Радуваше одличната игра во офанзива, расположените голманки и солидната игра во одбраната прикажана на овие напревари на црвено-црните девојки.
ЖРК Вардар ќе се обиде оваа сезона да дојде до долгоочекуваната европска круна, откако лани беше “сребрен“ тим, а претоа се задоволуваше само со “бронза“ на завршниот Ф-4 турнир во Будимпешта.