Момците на Чедомир Јаневски подарија триумф над Пелистер на нивните најверни навивачи кои вчера на еден перфектен начин го одбележаа нивниот 30-ти роденден. На теренот вардарци победија со 1-0 во вечното дерби со голот со глава на Муслиу кој беше доволен за нови три бода на шампионот во македонската фудбалска лига.