Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Нова победа на КК Вардар, совладан тимот на МЗТ

Нова победа на КК Вардар, совладан тимот на МЗТ

Кошаркарите на Вардар влегоа во серија, момците на Кочов славеа уште една победа во втората лига, овој пат против директен конкурент во борба за првите места. Овој викенд во “Кале” беше совладан младиот тим на МЗТ Скопје Аеродром.

Тимот од Аеродром се држеше само 20. минути, Вардарци на овој натпрвар имаа високи процент од игра, што на крај резултираше со солидни 84 постигнати поени а примени само 70.

Ова беше вкупно четврта победа во петтиот настап, по ова коло Вардар е на третата позиција со скор од 4-1. Идното коло Вардар гостува кај тимот на Ангели.