Вардарки со максимални 12 освоени бодови ја завршија првата групна фаза, на првото место на табелата о групата Ц од лигата на шампионите. Во два наврати беа совладани екипите на Турингер, ФТЦ Будимпешта и Ларвик. На тој начин пренесуваме исто така максимални 8 бодови во следната рунда, во која ни се приклучуваат првите три пласирани екипи од групата Д. Тоа се тимовите на Будуќност, Мец и Битигхајм. Мец и Будуќност се познати за нашиот шампион, со кој сме играле и претходните сезони, додека претставникот од Германија е “анонимен“ за Вардарки и дополнително ќе треба да се анализира овој противник. Првиот натпревар во новоформираната група треба да го одиграме во периодот од 26-28-ми јануари следната година, на домашен терен против екипата на Мец.
Распоред на натпревари на Вардар во Главна Фаза:
1. коло: (26-28.01.2018) Вардар – Мец
2. коло: (02-04.02.2018) Битигхајм – Вардар
3. коло: (09-11.02.2018) Вардар – Будуќност
4. коло: (23-25.02.2018) Мец – Вардар
5. коло: (02-04.03.2018) Вардар – Битигхајм
6. коло: (09-11.03.2018) Будуќност – Вардар
Како лидери ќе ја започнеме и новоформираната група, со очекувања таму да завршиме и на крајот.
1. Вардар 8 бода
2. Мец 6
3. ФТЦ 4
4. Будуќност 4
5. Битигхајм 2
6. Турингер 0