Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Матеј Андов: Победата против Работнички и незатресената мрежа, се најубав подарок за мојот 16-ти роденден
Матеј Андов: Победата против Работнички и незатресената мрежа, се најубав подарок за мојот 16-ти роденден

Матеј Андов: Победата против Работнички и незатресената мрежа, се најубав подарок за мојот 16-ти роденден

Натпреварот кој требаше да биде биде дерби кај генерацијата родени “2001“ година, го засенија немили сцени на теренот. Сепак на крајот Вардар ги освои сите три бода, откако целосно го надигра противникот и го совлада со резултат од 3:0, кој изледа не знае да прифати пораз и спортски да честита на победникот. Така беше и минатата сезона и тоа на истиот терен, кога во истава возрасна генерација, Вардар славеше убедливо со резултат 4:1, а по завршување на натпреварот имаше исто така инциденти, кои продолжија и на вчерашниот натпревар на овие две генерации. Сепак Вардар покажа карактер и прес се коректност, повеќе ги интересираше нивната игра и тоа како да победат, за разлика од противникот кој гледаше како да направи поголеми проблеми. Може да се каже дека еден од најзаслужните за победата беше нашиот голман, Матеј Андов, кој при резултат 0:0 и водство на неговиот тим одбрани две добри шанси на Работнички и го остави Вардар во игра за победа, што на крајот се покажа и как пресудно. Како го виде ова дерби, нашиот чувар на мрежата и репрезентативец, Андов кој одлично брани оваа сезона.

-Задоволен сум од играта, целосната наша соработка, од сите мои сограчи кои покажаа како треба да се игра на теренот. Среќен сум за резултатот кој го направивме, пред се тоа што мрежата на Вардар остана незатресена и што допринесов да имаме сите мотив и желба да бидеме само во позитива. Сметам дека не заборавивме, Вардар е шампион и мораме да се вратиме во форма и да покажеме дека можеме и да се заблагодариме на оние кои несебично вложуваат во нас.

b3

Матеј пред неколку денови го прослави својот 16-ти роденден, па победата против градскиот ривал и тоа што ја зачувал својата мрежа недопрена, била најголем подарок за него.

-Оваа победа и незатресената мрежа е мојот најголем подарок, за 16-тиот роденден кој неодамна го прославив. Среќен сум што со моите одбрани му помогнав на тимот да ги освои бодовите, триумф кој многу ќе значи на следните натпревари од есенскиот дел. 

Немили сцени го пратеа градското дерби во оваа возрасна генерација. Беа покажани два црвени картони на противникот поради недолично однесување и неспортски прекршоци. Ситуацијата излезе од контрола, кога еден од протничките играчи отиде директно со нога, на телото на стрелецот на двата гола, Џемаил Ибиши, додека траеше радоста при постигнатиот втор гол.

-Натпреварот беше доста тензичен ,иако на почетокот беше помирно додека ја имавме едната страна .Подоцна се повеќе имаше непријатни сцени за кој морам да кажам дека и не ги оправдувам. Самата тензија надвор делува провокативно на нас играчите. Исто беше и тука кога на самиот гол од мојата страна имаше сериозни навреди ,добацувања што дополнително делуваа, но сепак мло ми е што бевме максимално подготвени и неуспеа да делува на нашиот резултат.

b

Ова беше само четврта победа за пионерите на Вардар, но радува фактот дека сврзавме две последователни, откако во минатото 10 коло ја победивме и екипата на Ренова на домашен терен. Ако се земе во предвид и триумфот во 1/4 на купот против Македонија Ѓ.П, тоа е трет во серија, јасно е дека црвено-црните полека ја пронаоѓаат својата форма и го фаќаат потребниот ритам. Голманот Андов, ветува максимална борба и ангажираност на секој нареден натпревар на неговиот тим.

-Учиме и гледаме и од надворешниот свет, растеме и сфаќаме дека и грешиме и кога мотивот расте доаѓаме до успехот. Кога имам одбрана и добра публика тогаш расте адреналинот на успехот и имам континуитет. Сеуште не е касно, имавме лош почеток на лигата,но повторно ќе кажам многу ме радува што полека се враќме во игра и имаме неколку последователни победи. Ветувам голем доприно, труд и издигнување на погорниот дел од табелата во продолжение од сезоната.

Звонко Ивановски