Вчера во рамки од новото коло од Детската Лига, ФК Вардар генерација 2009 одигра натпревар против тимот на ФК КУЛ. На оваа средба која изобилуваше со добар фудбал, голем број на шанси до победа дојде црвено-црната екипа. Се играше по дождливо време, двата тима се надигруваа и посакуваа да дојдат до победа.
Избраниците на Зоран Петковски успаа да победа на средбата на која беа постигнати пет погодоци, Вардар запиша победа со резултат 3-2. За нашиот тим сите три гола ги постигна еден играч, станува збор за Јаков Стојковски, чии погодоци донеса радост.