ФК Вардар ќе добие нов тренер, бидејќи Никола Глигоров си поднесе оставка од тренерската функција во Вардар. Како што вели и некогашниот капитен и играч од средината на теренот, од Вардар си заминува со крената глава.
Глигоров не се прослави баш најдобро како прв тренер на Вардар. Мака мачеше да го воигра тимот, а главен проблем му беа ,,киксовите” на гостински терен, што го одалечија Вардар од баражот.
Му посакуваме успешна работа на Никола во новата средина.