Бранителот на трофејот славеше убедливо со 25-21, 25-12 и 25-17. „Црвено-црните“ не можеа да му се спротивстават на фаворитот откако во петокот одиграа исцрпувачко полуфинале во пет сета против Универзитет во Тетово. Среброто па и самиот пласман на завршницата е голем успех за младиот тим на црвено-црните.