.
Поранешниот капитен на Вардар, играчот од одбраната кој има забележано над 100 натпревари како играчи и беше дел од онаа златна генерација на тимот, Бобан Грнчаров од денеска и официјално е назначен за нов тренер на тимот. Грнчаров до крајот на оваа сезона ја доби довербата да го води најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.
.
Соопштение на ФК Вардар:
.
Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на нашиот клуб Бобан Грнчаров од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона.