Стоперите Манев и Херанц, како и напаѓачот од Бразил Вилијан Лира, вчера го имаа своето деби во новиот дрес. Сите тројца играчи одиграа солидно и допринесоа за победа и радост на својот тим.
Вилијан Лира неможеше да посака подобро деби. Иако одигра само 39. минути, сепак, Бразилецот се запиша на два пати во листата на стрелците во 21 и 23 минута.
Стоперите на Вардар пак, Манев и Херанц, во игра влегоа во 51. минута од натпреварот и одиграа солидна партија без ниту една грешка или примен погодок.
Се надеваме дека добрите партии и голови ќе ги пренесат и на дуелите против Пјуник идниот четврток и во Скопје на 19-ти.