Трите млади категории на Вардар кои во изминатите неколку дена учествуваа на меѓународниот турнир во Бугарија „Црно Mоре Куп Несебар 2018“, ги освоија пехарите, односно на крајот беа најдобри во своите генерации. Нашиот тим зема учество со генерациите 2005, 2006 и 2008, и сите доминатно стигнаа до највисоките места на победничките пиедестали.