Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2010 во топ-8 екипи на турнирот “Драган Манце Куп 2018“
ФК Вардар генер.2010 во топ-8 екипи на  турнирот “Драган Манце Куп 2018“

ФК Вардар генер.2010 во топ-8 екипи на турнирот “Драган Манце Куп 2018“

Заврши настапот на момците на Зоран Петковски, ФК Вардар генер.2010 на турнирот во Белрад. Нашите момци на силниот меѓународен   турнирот “Драган Манце Куп 2018“ кој се игра во Србија,   завршија во најдобрите осум екипи, од 28 екипи колку што учестуваа на овој турнир во нивната генерација.

Во првото коло ја победивме убедливо ФК Црвенка со 5-0, во второто коло  бевме подобри од ФК Балкан во дуелите на првиот наптреварувачки ден. Вчера во 3.коло победивме против тимот на Омладинац со 4-1, со што како први се пласиравме во 1/8-финалето. Во истото во интересен дуел ја совладавме екипата на ФК Арена со 2-0. На денешиот дуел во 1/4-финалето го доживеавме првиот пораз по четири редоследни победи, ние бевме поразени со 4-1 од тимот на ФК Бистрица. Честитки до момците и тренерот за овој успех, тие се млад тим кој само што се запознаваат со меѓународните турнири и овој систем на натпреварување каде се играат голем број дуели за краток период. Сепак и покрај тоа одлично одиграа и победија на 80% од одиграните средби.