Џамбул Џигаури вчера наутро го стави потписот на договор со шампионот на Македонија, а одма потоа се фати и за работа. Џигаури како што можете и да забележите на фотографиите кои ги направи ФК Вардар, се запозна со новите играчи, Тренинг кампот на Вардар и условите кои ги нуди овој екстра модерен комплекс.
Како што изјави Џигаури и за клупскиот сајт, во Вардар веќе добро познава и двајца играчи. Со Дарко Глишиќ беше колега во тимот на Динамо Тбилиси, исто така и со Хамбарџумјан добро се познава новиот играч. Џигаури како и секој нов играч, така и он, го помина “среќниот тунел” на ФК Вардар, нешто што го прави секој нов играч кој ќе пристигне во нашиот табор. Од грузиецот се очекува многу, и самиот играч е свесен за тоа.