Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати полуфиналистите во женскиот дел кај генер.2000/01, РК Филип, Карпош, Делчево и Вардар-Виница ќе се борат за големото финале

Познати полуфиналистите во женскиот дел кај генер.2000/01, РК Филип, Карпош, Делчево и Вардар-Виница ќе се борат за големото финале

Во рамките на третото коло утринава во СЦ. “Јане Сандански” силите ги одмерија тимовите на РК Карпош Вардар и ГРК Војнисон Вардар. Овој натпревар го доби убедливо тимот на РК Карпош Вардар со резултат 13:4 (5:0). Уште по првиот дел беше решен победникот на овој натпревар.

РК Карпош Вардар првиот дел го одигра убедливо. Овие ракометари во првиот дел не примија ниту еден погодок а на спротивната страна дадоа пет погодоци. Карпош Вардар уште по првиот дел го реши натпреварот. Во вториот дел продолжи серијата на РК Карпош Вардар. Овој тим постигна уште пет нови погодоци во вториот дел за убедливи 10:0. Првиот гол ГРК Војнисон Вардар го постигна дури на средината на вториот дел. Потоа следуваше фаза до крајот на мечот во која и двете екипи постигнаа уште по некој погодок. ГРК Војнисон Вардар до крајот на мечот успеа да постигне уште три погооци за вкупно четири на овој натпревар. На крај, резултатот заврши со убедлива победа на РК Карпош Вардар со резултат 13:4.

Во победничкиот тим Николинка Радевска беше стрелец на пет погодоци, Ангела Јакимовска беше стрелец на четири, додека пак Теодора Златановска постигна три погодоци. Кај поразениот тим прв стрелец беше Анастасија Матеска со два погодоци, по еден постигнаа Михаела Алексоска и Јована Спасеноска.

Во групата А во третото коло силите ги одмерија и тимовите на РК Будимир Вардар и РК Филип Вардар. Овој натпревар се одигра во малата сала при СЦ. “Јане Сандански”. Ова беше уште еден дуел кај девојките родени генерација 2000/01. Овој натпревар заврши со победа на РК Филип Вардар од Прилеп со резултат 21:8 (9:5).

Натпреварот започна со два погодоци на Филип Вардар, потоа следуваа и два погодоци од страна на РК Будимир Вардар за 2:2. Потоа следуваше голема серија на РК Филип Вардар. Девојките од Прилеп направија серија од пет погодоци едно по друго за предност од 7:2. Се до крајот на првиот дел РК Филип Вардар успеа да постигне уште два погодоци, а РК Будимир Вардар три за на пауза да се замине со резултат 9:5. Во вториот дел Филип Вардар тргна со нова серија, овој пат од при погодоци, потоа следуваше и гол на РК Будмир Вардар за 12:6. Новата серија на РК Филип Вардар изнесуваше три погодоци во серија за веќе недостижна предноста за противникот. Се до крајот на мечот РК Филип Вардар продолжи со убедливата партија и погодоците. На крај, резултатот гласеше 21:8 за РК Филип Вардар.

Во победничкиот тим Јовеска Емилија постигна дури девет погодоци, стрелци на три погодоци беа Димеска Тамара и Аџиоска Ана. Во поразениот тим прв стрелец беше Јана Златановска со два постигнати голови.

Во оваа група првото место го освои РК Филип со 9 освоени бодови, додека второто место му припадна на Карпош од Куманово со 6 освоени бодови. Овие две екипи се пласираа во полуфиналето кај оваа возрасна геенрација.

Во групата А во рамките на третото коло се одигра и третиот натпревар од предвидените четири. Овој пат, силите ги одмерија тимовите на РК Кузман Вардар и РК Шампион Вардар. Ова беше исто така дуел кај генерацијата родени 2000/01 година – девојки. Натпреварот заврши со победа на РК Кузман Вардар со резултат 22:6 (11:3).

Натпреварот започна со прв погодок на РК Кузман Вардар, одма потоа во следниот напад реализираше и тимот на РК Шампион Вардар за 1:1. Потоа следуваа три погодоци во серија за РК Кузман Вардар за веќе 4:1 До крајот на првиот дел следуваше голема серија за РК Кузман Вардар од 6:0 за на полувреме да се замине со голема предност на РК Кузман Вардар од 11:3. Во вториот дел со два погодоци отворија девојките на РК Шампион Вардар за намалување на предноста на 11:5. Но, кратко траеше оваа серија на противникот. Со нова серија на РК Кузман Вардар од 4:0 стигнаа до највисока предност од 15:05. Се до крајот на мечот РК Кузман Вардар рутински си ја заврши својата задача за нов триумф, овој пат издвојуван со убедливи 22:6.

Во победничкиот тим Анамарија Божиноска постигна пет, а Александра Марковска беше стрелец на четири. Во поразениот тим Елеонора Донилова постигна три погодоци.

15977053_1218563728190471_3415199555972733943_n 15977942_1218563631523814_3151288675329504402_n

Се одигра и четвртиот натпревар во групата А кај девојките. На последниот дуел РК Делчево Вардар се судри со тимот на ЖРК Вардар Виница. Овој натпревар го доби тимот на РК Делчево Вардар со резултат 12:11 (5:5). Ова беше највозбудлив натпревар од сите четири кои се одиграа денеска во малата сала во СЦ. Јане Сандански.

16003101_1218563624857148_7688044507581501675_n 16113986_1218563628190481_6879915029326328501_n

Натпреварот започна многу изедначено исто како што заврши и целиот меч. Први со два погодоци отворија девојките на ЖРК Вардар Виница. Потоа следуваше и погодок на РК Делчево Вардар за 2:2. Се до крајот на првиот дел се играше многу изедначено без многу погодоци, на пауза се замина со резултат 5:5.

16114061_1218563741523803_8926596049238933863_n

Во вториот дел први со погодок отворија девојките на РК Делчево Вардар потоа следуваа два погодоци во серија на ЖРК Вардар Виница за 7:6. Во последните пет минути од дуелот се влезе со егал резултат. Пресудна беа последните минути во кој тимот на РК Делчево Вардар постигна три врзани погодоци за 12:9. До крајот на мечот противникот постигна уште два, за на крај, да се радува тимот на РК Делчево Вардар на минимална победа.

Во победничкиот тим прв стрелец беше Марија Гоцевска со шест, во поразениот тим Кристина Милчева постигна шест погодоци.

Во оваа група се искомликуваа работите, дури три екипи имаа по 6 освоени бодови. Тоа беше причина да се направи круг на три екипи со ист број на бодови, по што решаваше подобра гол разлика. Во една таква ситуација првото место го освои тимот на Делчево, додека второпласиран беше тимот на Вардар-Виница, трети беа РК Кузман. Во прашање беа нијанси од 1-2 гола за тоа кој да биде второпласиран.

Полуфинални двојки во женскиот дел кај оваа генерација :

РК Филип – РК Вардар-Виница

РК Делчево – Карпош