Генерацијата 2008 на ФК Вардар го освои сребрениот медал на турнирот „Кул Куп“, откако во големото финале после изведување на пенали беше поразена од екипата на Црвена Ѕвезда (3:2), во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резултат 1:1. Гледавме одличен меч на кој Вардар беше подобар, имаше и водство и можеше да го реши мечот во своја корист. Сепак противникот од Србија израмни и го донесе финалето на пенали, во кои се покажаа како посреќни.
Погледнете ја фотогалеријата од финалниот дуел кај генерација 2008.