Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Екипата на Пелистер е следниот противник за вардаровите генерации
Екипата на Пелистер е следниот противник за вардаровите генерации

Екипата на Пелистер е следниот противник за вардаровите генерации

Четири генерации на ФК Вардар во текот на утрешниот ден ќе го одиграат 3.првенствено коло. Пионерските екипи гостуваат во Битола кај екипата на Пелистер, додека кадетите и младинците се домаќини на истиот противник, мечеви кои ќе бидат одиграни на теренот во населбата Јане Сандански.

Помладите пионери во вторникот стигнаа до првиот триумф сезонава на гостувањето кај екипата на Победа, оваа генерација на Вардар има 4 освени бодови после првите две одиграни кола. Пионерите се единствените кои се со максимален број на освоени бодови, откако во првите две кола ги победија екипите на Шкендија и Победа.

Кадетите и младинците одат на поправен после високите порази во Тетово, ќе се обидат на домашен терен да им се вратат на победите. Мечевите во сабота ќе се одиграат во термините од 10 и 12 часот.

Денес ревијални мечеви во рамките на 1.коло од регионалнаа скопска лига ќе одиграат генерациите 2005 и 2006 на Вардар, кои за противник ја имаат Академијата на ФФМ.