Трета среќа за вардаровата генерација 2006 во финалните дуели против екипата на Албарса. На завршниот турнир во детската лига, оваа генерација на Вардар за прв пат успеа да стане Шампион на Македонија и на најдобар можен начин да им се одмазди на Албарса, за претходните две изгубени финалиња. Филип Спасески е тренерот кој успеа да ја донесе на врвот оваа екипа, која после голема борба го совлада противникот. Алтин Алији постигна хет-трик, додека Данстак одбрани пенал, во последните минути од финалето, за на крај Вардар да слави победа (3:2).
Погледнете ја фотогалеријата од финалниот дуел.