Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор сезоната ја заврши на 3.место, во последниот дуел од плеј-аутот поразен од лидерот Охрид
Вардар Јуниор сезоната ја заврши на 3.место, во последниот дуел од плеј-аутот поразен од лидерот Охрид

Вардар Јуниор сезоната ја заврши на 3.место, во последниот дуел од плеј-аутот поразен од лидерот Охрид

Вардар Јуниор одигра одлично во плеј-аутот, истиот го заврши со 30.бода на позицијата број три. Одличните настапи во плеј-аут сегментот донесоа напредок на табелата, ние овој дел го почнавме на претпоследната, 5та позиција. Во последното коло во дуел без резултатско значење гостувавме кај лидерот РК Охрид. Победата на оваа средба ја остварија охриѓани.

Домаќинот подобро го отвори дуелот, тие на самиот почеток поведоа со четири гола позитива, 5-1.  Сепак следеа минути на црвено-црните кои речиси ја анулираа негативата и дојдоа на гол заостанување, 9-8.  Се играше борбено, пред се гол за гол, домаќинот го исконтолира првиот дел и успеа да го однесе со три гола на пауза. На семафорот за време на одморот стоеше резултатот 18-15.

Пеколен влез во вториот дел имаше црвено-црниот состав, момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков одиграа фуриозно. Направија неверојатна серија 1-7 со која поведоа со три гола предност, 19-22. Дојде до голем пад во нашата игра по овој момент, со серија 6-0 охриѓани го превземаа водството и поведоа со 25-22. По овој момент повозрасниот тим го контолираше дуелот,  успевајќи на крајот да победи со 11 гола. Односно со резултат 37-26.

Кај нас Дејан Кукуловски имаше 9 гола, Ѓорѓиев Игор постигна 6 погодоци, а 4 гола беа дело на Крстевски Стефан.