Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ја пречекува Германија, па така голем број на фудбалски легенди се присутни во Скопје каде вечерва ќе бидат на стадион и ќе го проследат натпреварот.
Штефан Фројнд, поранешниот германски репрезентативец кој сега работи како телевизиски аналитичар, го искористи слободното време пред дуелот да направи ,,селфи” пред еден од графитите на Вардар.
Штефан Фројнд во кариерата играше за Шалке 04, збратимениот клуб на ,,црвено-црните”, како и за Борусија Дортмунд и Тотенхем.