Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2008 на ФК Вардар го освои 4.место на силниот меѓународен турнир во Хрватска
Генерацијата 2008 на ФК Вардар го освои 4.место на силниот меѓународен турнир во Хрватска

Генерацијата 2008 на ФК Вардар го освои 4.место на силниот меѓународен турнир во Хрватска

Генерацијата 2008 на ФК Вардар во изминатиов период се натпреваруваше на силен меѓународен турнир во Хрватска. Во организација на НК Адриатик Сплит, учество на турнирот земаа повеќе од 120 екипи кои се натпреваруваа во шест возрасни категории. Познати реномирани екипи како Хајдук, Динамо Загреб, Марибор, Јувентус, Ријека, Осијек и.т.н. настапија на турнирот „први чекори“

Избраниците на Влатко Колев го освоија одличното 4.место. Откако ја поминаа групната фаза, нашите млади надежи во 1/8 финалето со минимални 1:0 ја победија екипата на Ускок. Во 1/4 финалето во еден ефикасен натпревар успеавме да излеземе како победниици на натпреварот против Шибеник (3:4), што значеше и пласман во полуфиналето.

Во полуфиналето се сретнавме со екипата на Хајдук, натпревар на кој бевме поразени со резултат 3:0. Во борбата за бронзениот медал доживеавме пораз од екипата на НК Загреб (0:1). Освојувач на турнирот во генерација 2008 беше екипата на Хајдук која во големото финале го победи тимот на Марибор. Хајдук стана шампион и во генерацијата 2010 и 2011, додека кај генерацијата 2009 златниот медал му припадна на Јувентус од Италија.

245176350_4363825280380478_637037660491271270_n

Одличен настап за младите вардарци, како и позитивно искуство со оглед дека се надигруваа со квалитетни екипи од различни земји.