Генерацијата на ФК Вардар родени “2007„ година ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. Генерацијата која успеа три години по ред да стане шампион на Македонија, во новата сезона ќе има нов тренер, тоа е Горан Петрески или популарниот “Чунга Лунга„, кој ќе се обиде да го подигне нивото на игра кај нашите млади надежи.
Погледнете ја нашата фотогалерија од вчерашниот тренинг на генерацијата “2007„ на ФК Вардар.