Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Зоран Петковски: Иако резултатите се во втор план во оваа категорија, ние ќе имаме забележителна улога
Зоран Петковски: Иако резултатите се во втор план во оваа категорија, ние ќе имаме забележителна улога

Зоран Петковски: Иако резултатите се во втор план во оваа категорија, ние ќе имаме забележителна улога

Со една година поголемо исксутво, пионерите на ракометниот клуб Вардар во средата ги стартуваа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Оваа генерација која ја сочинуваат ракометари родени 2004 година и помали ќе се натпреваруваат во групата 1 заедно со екипите на  РК Аеродром, РК Риниа М, Металург Јуниор, РК Урдаревски Вардар, РК Ангели В. Волково, РК Илинден Вардар и тимот од Автокоманда, РК Металург. Главен тренер останува Зоран Петковски, додека негов помошник ќе биде Никола Бисинов. Какви се очекувањата на популарниот “Зенга“ за новата сезона, можете да прочитате во продолжение од текстот.

-Едно е сигурно, а тоа е дека ќе играме многу подобро од минатата сезона. Резултатите иако се во втор план во оваа категорија, ние ќе имаме забележителна улога. Очекувам пласман помеѓу првите две до три екипи.

Тренинзите ќе се одвиваат во С.Ц. Јане Сандански, а играчите ќе имаат можност да тренираат и со своите школи од каде доаѓаат.

-Во месец август секојдневно ќе тренираме претпладне, попладне играчите ќе имаат тренинг во своите академии, така што ќе импровизираме мали припреми, знаејќи дека првенството започнува на 13/14.октомври.

Екипата речиси е иста од минатата сезона, надополнета со две нови имиња. Тоа се Никола Анакиевски од Делчево и Виктор Трифуновски од ГРК Гостивар. Петковски верува дека и тие за брзо вреќе се вклопат во играта.

-Имаме двајца нови играчи, тоа се Анакиевски од Делчево и Трифуновски од Гостивар, останатиот ростер од минатата сезона е непроменет. Очекувам брзо вклопување на новите играчи, на веќе воспоставениот систем.

На прашањето дали во оваа генерација има талентирани ракометари, Петковски вели дека никогаш не се знае кој може да изненади.

-Во оваа генерација има неколку играчи за висок дострел, но будно ќе го следиме нивниот развој и очекувам потврда на талентот да се искристализира во тековната сезона. Нема да напоменуваме имиња, но никогаш не се знае кој ќе “експлодира“ и ќе ја отвори сезоната на вистински начин, изјави Зоран Петковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски