Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци во потрага по првиот трофеј сезонава, а втор во супер купот, вечерва дуел против Металург
Вардарци во потрага по првиот трофеј сезонава, а втор во супер купот, вечерва дуел против Металург

Вардарци во потрага по првиот трофеј сезонава, а втор во супер купот, вечерва дуел против Металург

Вечерва со почеток од 21:00 часот на теренот во Струга, ќе се одигра вториот ракометен супер куп во историјата на машкиот ракомет. Во него ќе се сретнат екипите на Вардар, како актуелен освојувач на двојната круна и Металург кој играше во големото финале на купот.

Вардарци со три подготвителни натпревари влегуваат во овој дуел, за разлика од противникот кој не одигра ниту еден контролен натпревар, па вечерашниот меч ќе биде прв за нив во овој подготвителен период. Што се однесува до тимот од Автокоманда, истиот претрпе неколку промени во играчкиот кадар. Дел од екипата во новата сезона нема да бидат, пикерот Жарко Пешевски, левите крила, Вања Илиќ и Давор Палевски, бекот Борјан Маџовски и десното крило Александар Гуглета. Повратници во тимот се Бојан Маџовски, Томислав Јагуриновски и Лука Стојановиќ, а нови имиња се хрватскиот пикер Адријан Миличевиќ и српскиот голман Предраг Мијатовиќ. Нов тренер е и Данило Брестовац, кој на клупата го замени долгогодишниот стратег на металурзите, Лино Червар. Со оглед дека Брестовац со кадетската селекција се наоѓа на ЕХФ Шампионатот во Грузија, тој вечерва нема да биде во можност да го води својот тим, а таа улога ќе ја имаат помошниците, Оливер Димитриоски и Петар Мисовски.

Како што е познато, Вардар пред супер купот се загреваше на силниот меѓународен турнир во Германија, на кој одигравме вкупно три натпревари и го освоивме четвртото место. Турнирот добро ни послужи за воигрување на екипата, со оглед на неколкуте нови играчи кај нашиот шампион и со Гарсија Парондо, како нов шеф на стручниот штаб. Карачиќ го пропушти турнирот во Германија, па најверојатно нема да настапи и на вечерашниот дуел. Имаме мали проблеми на голманската позиција, кои треба да бидат решени во наредниот период, како што беше случај со позицијата пикер, каде нов играч треба да биде Калараш кој доаѓа од тимот на Магдебург.

Не е познато и со каков состав ќе излезат двете екипи, со оглед дека и кај двата клуба има проблем околу лиценците за ракометарите. Вардар е во потрага по првиот трофеј во новата сезона, а втор во ова натпреварување, со оглед дека првиот го освоивме минатата година, кога во С.Ц. Јане Сандански ја совладавме екипата на Еурофарм Работник.