Денеска по завршувањето на тренингот на младинците и меѓусебниот меч на пионерите и кадетите на фудбалскиот црвено-црн колектив, трети кој го почуствуваа вештачкиот тревник во тренинг центарот во скопската населба “Хиподром“ беа младите надежи родени 2004 година под водство на тренерот Филип Арсовски. Тие поделени во два тима по стандардното загревање одиграа меѓусебен меч на половина терен. Ви пренесуваме фотографии од денешниот тренинг на оваа генерација.