Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ за Вардар Фанс: Доминиравме во текот на целиот натпревар и сосема заслужено победивме
Пенезиќ за Вардар Фанс: Доминиравме во текот на целиот натпревар и сосема заслужено победивме

Пенезиќ за Вардар Фанс: Доминиравме во текот на целиот натпревар и сосема заслужено победивме

Вардарки се покажаа во одлично издание на вчерашниот натпревар против Савехоф, кој се одигра во спортскиот центар Јане Сандански. Новиот помошник на Кастратовиќ успешно дебитираше на клупата на нашиот женски ракометен шампион, кој со висок триумф најави максимална борба до крајот во оваа групна фаза. Во текот на целиот натпревар имавме постојана предност, само некаде во првите 15 минути Савехоф одршуваше резултатска рамнотежа. Потоа тргна “возот“ за црвено-црните, кои речиси и го прегазија својот противник. На полувреме заминавме со предност од 19:10. Во второто полувреме во еден момент имавме водство и од 14 голови разлика. Конечниот резултат гласеше 37:25. Во нашите редови највеќе се истакнаа Пенезиќ и Лекиќ, кои постигнаа по 6 голови.

-Добро го отворивме овој натпревар. Мислам дека според квалитетот сме подобри од екипата на Савехоф, на кој им недостасуваа неколку ракометарки што ни ја олесни работата. Пружија силен отпор, но ние доминиравме во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено ги освоивме двата бода од овој дуел, кои за нас се многу значајни во продолжение од групната фаза.

Остануваат да се одиграат уште три натпревари во групната фаза, после која следат елиминациските натпревари од 1/4 рунда. Веќе за десеттина дена не очекува тешко гостување во Романија, против екипата на ЦСМ Букурешт.

-Сакам да одиме чекор по чекор, не очекуваат тешки натпревари со Букурешт, Будуќност и повторно со Савехоф на гостински терен во последниот меч од групата. Мораме добро да се спремиме за мечот со ЦСМ Букурешт. Имаме доволно време за подготовка и тренинзи пред тешкото гостување во Романија, на кое се надевам дека ќе забележиме победа, изјави Андреа Пенезиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски