Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар ген. “2006“ подобра од Њу Старс, ген. “2002“ загуби од Ц. Звезда на контролни натпревари
Фк Вардар ген. “2006“ подобра од Њу Старс, ген. “2002“ загуби од Ц. Звезда на контролни натпревари

Фк Вардар ген. “2006“ подобра од Њу Старс, ген. “2002“ загуби од Ц. Звезда на контролни натпревари

Контролни натпревари на фудбалските Вардарови генерации родени “2002“ и “2006“ година, како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во детската лига.

Избраниците на Кралевски, Фк Вардар генерација “2006“ ја остварија втората победа на контролните натпревари во новата година, овој пат против екипата на Њу Старс. Мечот се одигра под Кале на теренот со вештачка трева и заврши со убедлив тримф од 7:0 во корист на црвено-црните.

На овој дуел Вардар настапи во следниот состав: Андреј Данстак, Максим Цониќ, Дамјан Крстевски, Драган Јанкоски, Милош Спасовски, Стефан Колоски, Милош Проковиќ, Давид Голубов, Михаил Николов и Никита Патаровски и Марко Николовски.

Одличен натпревар за нашата млада генерација која доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено победи. Нов играч во редовите на Кралевски е Марко Николовски, кој почна да ги покажува своите квалитети уште на првиот свој меч за Вардар запишувајќи се на два пати во листата на стрелци. Давид Голубов постигна хет-трик, додека по еден гол беа дело на Максим Цониќ и Никита Патаровски. 

Дене е ден за рекреација и пешачење на водно, утре младите момчиња имаат слободен ден, додека во вторник се враќаат на вообичаените тренинзи.

Контролен натпревар во Дојран одигра и Фк Вардар генерација родени “2002“ година, која ја предводи тренерот Петар Георгиевски. Тие беа поразени од своите врсници од Црвена Ѕвезда со резултат 2:0. По првиот дел резултатот гласеше 1:0. Едно полувреме се играше по 35 минути.