Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2003“ први старуваат со елиминациските натпревари од детската лига. Нашите млади надежи забележаа победа против екипата на Албарса. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 5:2. Покрај постигнатите голови имавме уште многу шанси да забележиме поубедлив триумф, кои за жал останаа неискористени. Леонид Игнатов постигна два гола, додека по еден беа дело на Далибор Костовски, Марио Илиевски и Виктор Крстевски. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар.