Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Мечевите од утрешното 1/2 во Купот на Вардар и Вардар јуниор со директен пренос на МТВ1
Мечевите од  утрешното 1/2 во Купот на Вардар и Вардар јуниор  со директен пренос на МТВ1

Мечевите од утрешното 1/2 во Купот на Вардар и Вардар јуниор со директен пренос на МТВ1

Македонската радио и телевизија ќе врши директен пренос од машкиот ракометен Куп. Истиот оваа година ќе се одигра во бисерот покрај Охридското езеро градот Охрид. Салата “Билјанини извори“ ќе биде местото каде најдобрите четири во најмасовното ракометно натпреварување ќе се борат за пехарот.

Ракометниот машки клуб  Вардар оваа година е бранител на трофејот, момците на Раул Гонзалес ќе се обидат повторно да   го освојат пехарот,   кој ќе биде  единаесети куп трофеј. Мечот со Охрид ќе се одигра од 20-00 часот, со директен пренос на Собранискиот канал. Вардарци се  фаворити и сите очекуваат да се пласираат во финалето  кое се игра во сабота со почеток во 17 часот и 30 минути. Во другиот полуфинален пар е Вардар Јуниор – Металург, во истиот нашиот црвено-црн млад состав се очекува да ја препушти фаворитската улога на металурзите, но спортски е да очекуваме изненадување и “братско“ финале. Овој меч се игра порано со почеток во 17 часот и 30 минути и од истиот ќе има пренос на собранискиот канал на државната телевизија.