Во неделата на теренот на академијата се одигра завршниот турнир во фудбалската “Јуниор лига“. Беа одиграни вкупно седум натпревари, во три возрасни генерации. Кај генерација родени “2005“ година, натпревари одигра и екипата на Вардар, која излезе како победник и на двата меча во дуелите со своите противници.
Погледнете ја фотогалеријата од натпреварот Вардар -Прилеп, кој заврши убедливо во корист на црвено-црните.