Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мирјана Петкоска: Во новата сезона се надевам дека ќе бидеме кадетски шампиони на Македонија

Мирјана Петкоска: Во новата сезона се надевам дека ќе бидеме кадетски шампиони на Македонија

Пионерките на ракометниот клуб Вардар се единствената наша генерација, која сезонава успеа да освои прво место во една од лигите во кои се натпреваруваа. Оваа генерација која беше предводена од тренерскиот тандем, Драгана Ристова и Билјана Пецевска се закитија со златниот медал, освојувајќи ја пионерската лига, додека во кадетското првенство, каде се натпреваруваа со екипи од две години повозрасна генерација, за малку не успеаа да се најдат во четирите најдобри екипи. Сепак во нивната возрасна генерација покажаа дека се најдобри и заслужено на крајот се радуваа на првото место. За сезоната која помина и за впечатоците од прикажаните игри и остварени резултати, можете да прочитате од изјавата на Мирјана Петковска, која е член на шампионската генерација на Вардар.

-Изминатата сезона ни беше многу успешна во која издвоивме 12 победи во пионерската лига. Во кадетското првенство не успеавме да се пласираме на завршниот турнир, но сепак добро изигравме, покажавме карактер и за малку не успеавме.

На завршниот турнир кој се играше во спортската сала во населбата Автокоманда, пионерките на Вардар во полуфиналето ја победија екипата на Куманово, за во големото финале да бидат подобри и од екипата на Металург.

-Затоа во пионерската лига, успеавме да бидеше шампиони. На секој натпревар влегувавме мотивирано и со голема желба за победа. Полуфиналето го изигравме одлично, исто така и финалето, влеговме со голема мотивација да го совладаме Металург.Во финалето разликата ја направивме уште на почетокот, а со тоа си помогнавме за натамошната игра, но во ниеден момент не се опуштивме и до самиот крај игравме сконцентрирано. Со овој тим сум веќе две години и заедно имаме многу постигнато, тие имаат придонесено и за мојот личен напредок. Наредната сезона се надеваме дека ќе бидеме први и во кадетската лига.

Звонко Ивановски