И по крајот и на оваа сезона, трета година по ред, тренерот на голманите во младинските екипи на Вардар (петлиња), Слободан Мутибариќ одржува “војна на “голманите. Возбудлив настан за Давид Петковски (2003), Стефан Тасев, Васко Василев, Горазд Гигов, Наум Ангелов и Алмир Колиќ (2004), Леонид Илиевски (2005), Андреј Данстак, Мартин Ивановски, Дамјан Таневски (2006), Лука Јаневски, Јовица Спасовски, Даниел Исајловски, (2007), Лука Грчевски и Александар Милошевски (2008). На крајот сите добија награди и трофеи, кои ги доделуваше легендарниот Драган Мутибариќ. Погледнете како се подготвуваа за истата преку видео и фотографии на Вардар фанс, неуморниот поддржувач на младите вардарови надежи. Тренерот Мутибариќ пред почетокот на истата ги загреа момците, им ја образложи играта, го подготви “борилиштето“ , им подели корисни совети и ги насочи својте пулени.
Фотогалерија од натпревар-ТУКА
Фотогалерија од доделување-ТУКА