Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија ќе игра на ЕП во Хрватска, кое на програмата е следната година
Македонија ќе игра на ЕП во Хрватска, кое на програмата е следната година

Македонија ќе игра на ЕП во Хрватска, кое на програмата е следната година

Македонија ќе игра на ракометното европско првенство, кое следната година ќе се одржи во Хрватска. Чешка беше “разбиена„ во Скопје и немаше шанси против разиграната селекција на Македонија, која славеше убедливо со резултат 33:20.

Во текот на целиот натпревар, избраниците на Раул Гонзалес имаа водство и контрола на резултатот. Започнавме со предоност од 2:0, а оваа разлика ја одржуваме и во следните десет минути, за Митков за прв пат на мечот да донесе водство од три гола разлика (7:4). За момент само противникот намали на еден гол негатива, но Македонија со серија од 4:1 набрзина врати, за да има и највисоки четири гола разлика (11:7). Одлично игравме во напад и одбрана, додека Чешка се обидуваше да даде достоен отпор, но тешко им успеваше да најдат против игра за расположениот, Кирил Лазаров кој беше најефикасен и на овој дуел. До крајот на првиот дел успеавме да стигнеме до шест гола предност, или резултат од 16:10, по истекот на првите 30 минути.

Вториот дел со гол го отвори, Стоилов кој зголеми веќе на 17:10, а во 42 минута Македонија да има и двоцифрена предност од 25:15. Чешка немаше сила да се врати на натпреварот и како одминуваше мечот, ние само го зголемувавме водството. На крајот славиме со убедливи 33:20. Лазаров беше најдобар, постигнувајќи 11 голови, додека од играчите на Вардар, Стојанче Стоилов беше стрелец на еден гол. На тој начин Македонија како првопласирана обезбеди учество на ЕП во Хрватска. Од нашата група се пласираа уште и Чешка која заврши втора и Исланд, како најдобро третопласирана селекција ќе игра на ЕП.

Место на ЕП ќе има и за Марсениќ и Абутовиќ, кои со селекцијата на Србија обезбедија пласман на ова натпреварување. Во последниот натпревар од групата, тие одиграа со нерешен резултат (27:27) против селекцијата на Белорусија и завршија на првото место во групата. Заедно со Белорусија имаат по 8 освоени бодови и тие се двете селекции од групата 2 кои обезбедија учество на ЕП во Хрватска. Тоа го направија уште и Борозан со Црна Гора, како и Кањелас со Шпанија.