Генерацијата 2009 е единствената од „петлињата“ на ФК Вардар која успеа да го помине и 2.елиминациско коло и да се најде блиску до пласман на завршниот турнир, на кој ќе играат најдобрите екипи од Македонија. Избраниците на Зоран Петковски во оваа фаза ја поминаа и екипата на Милано, од која беа убедливо подобри триумфирајќи со резултат 5:1. Сите голови беа постигнати во првиот дел од натпреварот, за Вардар во листата на стрелци се запишаа Јаков Стојковски (2), Алек Чедомирски (1), Коста Бошковски (1) и Матеј Николов (1).
Погледнете ја нашата фотогалерија од овој елиминационен натпревар во Детската Лига.