Според информациите кои кружат во полските медиуми, левото крило на Вардар, Јан Чувара и во наредната сезона ќе биде дел од двократниот Европски Шампион.
Полскиот репрезентативец пристигна минатата година и ја игра својата прва сезона во црвено-црниот дрес, но најверојатно ќе остане дел од Вардар и наредната натпреварувачка сезона. Со оглед дека и Дибиров го продолжи договорот на уште една година, заедно ќе го сочинуваат тандемот на левата крилна позиција.