Некогашниот играч на “црвено – црните Хорхе Хименез, не го заборава својот некогашен тим Вардар. Шпанецот вчера присуствуваше на дуел од првата шпанска лига, на „Местања”, каде Валенсија го пречека и победи со 3:1 тимот на Алавеш.
Хименез се фотографираше со шал од Вардар и потсети дека не го заборава престојот во Македонија и тимот на Вардар.