Во неделата на теренот на академијата се одигра завршниот турнир од есенскиот дел во фудбалската “Јуниор“ лига. На него настапија генерациите роден “2004“, “2005“ , “2006“ и “2007“ година. Вардаровите екипи од овие генерации одиграа натпревари против најдобрите од регионалните школи кои се дел од оваа лига. Генерацијата на ФК Вардар родени “2007“ година забележаа убедлива победа со резултат 10:2.
Во продолжение погледнете како беше на последниот есенски турнир и на натпреварот на Вардар и најдобрите од регионалните школи, кај генерација родени “2007“ година.
Настап имаше и Вардаровата генерација родени “2006“ година, кои одиграа натпревар против своите врсници од останататите регионални школи. Избраниците на Филип Арсовски беа убедливи, забележувајќи победа со резултат 9:0.
Погледнете ја фотогалерија од овој натпревар и од победата на нашите млади надежи: