Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЈУНИОР ЛИГА: Кај генер.2002/03 победа на девојките на РК Делчево и на РК Кале кај момците
ЈУНИОР ЛИГА: Кај генер.2002/03 победа на девојките на РК Делчево и на РК Кале кај момците

ЈУНИОР ЛИГА: Кај генер.2002/03 победа на девојките на РК Делчево и на РК Кале кај момците

Викендов се одиграа 33 меча во ракометната Вардар Јуниор Лига во три сали во Скопје. Кај момците и девојките родени 2002 и 2003 година се одиграа неколку дуела. Од два ви носиме извештаи.

Кај девојките во генер.2002/2003 РК Делчево однесе победа над РК Ново Лисиче, со резултат 19-7.  Девојките од Скопје поведоа со 1-0 на почетокот, веднаш потоа делчевските ракометарки со серија 0-3 поведуваат 1-3. Ново Лисиче намали на  2-3, следува серија 0-5 за која една од најзаслужна беше голманката на делчевки Екатерина Димитровска која бранеше феноменално. Со таа серија на одмор Делчево отиде со предност  2-8.

g2

Вториот дел почна со по еден гол за резултат 3-9 по 2 минути игра.  Делчево повторно влезе во серија овој пат таа беше  1-7  со која тие поведоа со недостижни 4-16.  Тренерот на Делчево направи неколку измени им даде шанса на сите играчи, Ново Лисиче тоа го искористи и одигра рамноправно, паднаа по три гола во двете мрежи за краен резулат 7-19. Кај победникот Ангеловска даде 9 гола, а за пофалба и настапот на голманот Димитровска. Георгиева и Тошевска постигнаа по 2 гола.

g

Кај момците родени 2002 и 2003 екипата на РК Кале однесе победа над Бисинов со резултат 23-17. Први со два гола мечот го отворија играчите на Кале кој поведоа 2-0. Бисинов успеа да изедначи на 2-2, но следуваше серија 3-0 за момците од Кичево кои се одлепија на 5-2.  За кратко тие ја удвоиа предноста и поведоа со 10-4. Докрајот се играше игра гол за гол двата колектива беа рамноправни  на одмор се отиде со 12-7.
Кале во игра гол за гол ја одржуваше предноста од пет плус се до 16-11, потоа  “додаде гас“ и во финишот влезе со 22-14 што беше доволно да  гарантира победа на 5 мин до крајот. Момците од Велес во последните 5 минути беа подобар успеаа со мини серија 1-3, да го ублажат поразот и да бидат поразени со 23-17. Kaј победникот Костадиновски и Димоски имаа по  5 гола. Кај Атанасовски даде 9 погодоци.