На секој натпревар на Шалке, дали игра дома или на гости, се вејат знамиња од Вардар и Комити. За тоа се заслужни Популарните „Ултрас ГЕ“, кои важат за верни браќа на нашите навивачи.
Инаку, Шалке игра одлично сезонава, во овој момент тимот се наоѓа на втората позиција во Бундеслигата со освоени 52 бодови. В недела тимот на Шалке го очекува дуел со најлутиот ривал, екипата на Борусија Дортмунд во директен дуел за второто место. Со сигурност и на овој меч ќе има навивачи на Вардар.