Од петок, 13 април до 15.април, недела спортскиот центар “Јане Сандански“ – Скопје ќе биде домаќин на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во регионалната СЕХА Гаспром лига. Вардар е домаќин на овој седми турнир во регионалното натпреварување, и ќе се обиде да ја одбрани ланската титула освоена во големото финале противн силниот тим на Веспрем.
Покрај вардарци на овој турнир учесниците се нашиот ривал во полуфиналето Брес Мешков, и тимовите на Целје и Загреб кои ќе играат помеѓу себе. Вардар во петок од 17-45 ќе го игра првиот полуфинален дуел, а другото полуфинале ќе се игра со почеток во 20-15 часот. Од двата дуели директен пренос ќе врши Македонската радио и телевизија, како и од финалните натпревари кои ќе се играт во недела.