Денес на теренот на Академијата се одигра првиот натпревар од полуфиналето на купот, помеѓу пионерските екипи на Вардар и Пелистер. Поуспешни без црвено-црните, кои славеа минимално со резултат од 1:0.
Слично како и во првото пролетно коло и на овој меч гледавме цврста игра на двете страни, се играше по средината на теренот и двете екипи беа претпазливи во своите обиди. Сепак се работеше за прв меч од полуфиналето, кое им дава можност на екипите да се борат за трофејот во ова натпреварување. Идентично како на претходниот натпревар во рамките на лигата, Вардар славеше минимално со 1:0, но сега голот беше дело на Туша Ветон. По само две минути игра во вториот дел ја затресовме противничката мрежа, за отварање на резултатот на 1:0, што на крај се покажа и како конечен. Нашите пионери имаат добар резултат по првиот дуел, со оглед дека ја зачувавме нашата мрежа незатресена а постигнавме еден гол во мрежата на битолчани. Останува на реваншот во Битола да докажеме дека сме поквалитетна екипа и да се пласираме во големото финале на ова натпреварување.
Тренерот Ѓоргиевски стартуваше со следните 11-сетмина: Андов, Радуловиќ-Величковиќ, Димоски, Митревски, Манасиевски, Бојковски, Хасановиќ, Ристовски, Игнатов, Ибиши, Туша.
Во игра влегоа уште и Матеј Николов, Давид Астарџиев и Филип Андоновски.