Во четирите групи во пионерска машка ракометна конкуренција на коло до крајот се познати учесниците на завршниот турнир кој ќе го даде шампионот на Македонија во пионерска конкуренција. До крајот има за одигрување едно коло овој викенд, но веќе се извесни противниците на Вардар на финалниот турнир.
Во нашата група ние завршивме со 100% ефект, момците на Адријана Будимир одиграа фантастична сезона забележувајќи 12 победи на исто толку мечеви сезонава. Тие постигнаа 354 погодоци или во просек скоро 30 по дуел, играа феноменално во одбраната и примија само 117 гола, или само 9,70 по одигран натпревар. натпреварувањето во групата го завршивме со 237 гола позитивна гол разлика.
Со ова обезбедивме пласман на завршниот турнир на кој ќе атакуваме на круна. Истиот ќе се игра следниот викенд ( 21 и 22.април), за локацијата на одигрување се уште нема одлука на федерацијата, иако и Вардар е кандидат да го организира истиот во салата “Кале“. Ова се четирите екипи учесници на завршниот турнир:
- Група 1- ВАРДАР
- Група 2 – РК Аеродром
- Група 3- ГРК Тиквеш
- Група 4- КЛ7 Струга